Создадени услови за редовно работење и плати во „Колска“
Создадени се услови за правно спроведување на владините одлуки кои обезбедуваат редовно работење и исплата на заостанатите плати во Фабриката за шински возила „Колска“ од Велес.
- На денешната седница на Владата е усвоена информацијата за донесување акти за зголемување на паричен влог на основната главнина на Друштвото Фабрика за шински возила Велес дооел Велес (Колска Велес), со што се обезбедени условите за правно спроведување на одлуките кои обезбедуваат редовно работење и исплата на заостанатите плати во ова друштво, соопшти вечерва владината служба за информирање.
Вработените во „Колска“ на 29. минатиот месец го прекинаа протестот со кој преку двочасовни прекини на железничкиот сообраќај бараа исплата на заостанатите шест плати, откако на средба со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев добија ветување за трајно решевање на состојбата во нивниот капацитет.
Според претставниците на Владата и на вработените, единствено решение за проблемите во „Колска“ е нејзино враќање во состав на „Македонски железници“.
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември