-->
-->
Советот за етика во медиумите го осуди нападот на новинарот на Телма
-->
Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) го осуди физичкиот напад врз новинарот на „Телма“ Павле Беловски и смета дека со такви инциденти и опструкции сериозно се загрозува слободата на медиумите и правото на јавноста да биде информирана.
- За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од какви било закани и притисоци, соопшти СЕММ.
Насилството врз новинарите и медиумските работници, оценува Советот, е сериозен проблем, за кој е потребен системски и координиран одговор од надлежните институции. Апелира до нив да преземат соодветни мерки за целосно расветлување и расчистување на инцидентот. Решавањето на случаите од тој вид, истакнува СЕММ, ќе го обесхрабри повторувањето на ваквите чинови на насилство и притисоци врз медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани