Советот за безбедност вечерва ќе одржи состанок по загинувањето на стотина Палестинци во денешниот напад во Газа
Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи состанок зад затворени врати по смртта на околу сто лица, според податоците на Хамас, за време на дистрибуцијата на помош во храна во Појасот Газа, пренесуваат западните агенции.
Итен состанок побарал Алжир, според неименуван дипломатски извор.
Според палестинските медиуми, повеќе од сто Палестинци загинале, а 760 се повредени во нападот на израелската армија врз луѓе кои чекале во ред за да добијат храна.
Израелски официјални претставници, пак, тврдат дека повеќето од жртвите го загубиле животот во стампедо, како и дека некои луѓе биле прегазени од камиони за снабдување.
Израелската армија призна дека нејзините војници пукале кон некои Палестинци кои трганел кон војниците и тенкот на контролниот пункт.
Ново на Сител
-
Македонска влада за Мицотакис: Не е точно дека го прекршуваме договорот Преспа, Брисел да не оценува по реформите
-
Загина 14-годишно момче откако врз него паднал бојлер
-
Бугарка приложила фалсификувана лична карта во скопска банка
-
ЦУК: Стабилна состојбата со водостоите на реките во тетовско и гостиварско, патните правци проодни
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма