Свет
10. September 2016 - 8:34

Советот за безбедност на ОН ја осуди нуклеарната проба на Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации остро ја осуди најновата нуклеарна проба на Северна Кореја и најави дека ќе почне да разгледува „значителни мерки“ против Пјонгјанг, вклучувајќи воведување нови санкции. 

Ова се наведува во соопштението издадено по итниот состанок зад затворени врати, кој беше одржан на барање на САД, Јапонија и Јужна Кореја. 

Пред само три дена СБ ја осуди Северна Кореја поради тестирањето балистичка ракета.