Советот за безбедност на ОН го осуди севернокорејското ракетно тестирање

Советот за безбедност на ОН синоќа остро го осуди последното ракетно тестирање на Северна Кореја.
Во декарацијата, што беше усвоена едногласно и со поддршка на Кина, која е главниот сојузник на Северна Кореја, Советот за безбедност го повикува Пјонгјанг „со конкретни дејствија да покаже искрен ангажман за укинувањето на нуклеарното оружје“.
- За таа цел Советот за безбедност бара од Северна Кореја повеќе да не извршува нуклеарни проби и испитување на балистички ракети, стои во соопштението на Советот за безбедност на ОН, што предупредува дека е подготвен да наложи нови санкции за Северна Кореја.
Синоќа, Северна Кореја соопшти дека извришила тестираење на балистичка ракета, опишана како „приспособена да носи голема и моќна нукеларна боева глава“.
Ново на Сител
-

Старт ап центар за студентите на УГД-Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Новиот закон за ДДВ на пратки до 22 евра нема да ги удри по џеб граѓаните туку шпедитерите
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Алиу: Кај 10 пациенти без потреба направени кардиохируршки операции
-

Мицкоски уверува во стабилна коалиција, ВРЕДИ најавува зголемување на мнозинството
-

Почна собраниската расправа за буџетот 2026
-

Судиите со писмо до Мицкоски: Премината е границата на добро однесување
