Советот на Општина Кочани го поништи решението на в.д. градоначалникот за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици
Советот на Општина Кочани на 69. седница што се одржа денеска во Мултикултурниот центар гласаше против Решенението на в.д. градоначалникот Венко Крстевски за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта за учебната 2025/26 година, донесена на 27 август.
Ова значи дека педесеттината наставници на кои на 31 август не им беа продолжени договорите, се враќаат на работа. Бројот на паралелките не се намалува.
Одлуката на Советот на Општина Кочани, која денеска беше донесена со 16 гласа против и еден воздржан, треба да биде објавена во Службен гласник.
Претседателот на Советот на Општина Кочани, Лазо Митев, на седницата рече дека има информација оти вчера до Јавното обвинителство е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена должност и овластувања.
- Како претседател стојам зад тоа целата оваа работа да се испита. Зошто се крие документот со кој МОН дава позитивно мислење за формирање паралелки со помал број ученици. На 5–ти овој месец тој документ е пратен до в.д. градоначалникот, потпишан од министерката за образование. Денеска сме 12–ти, а документот се уште го нема во Општината. Се сомневам дека некој го крие. Зошто, праша Митев.
В.д. градоначалникот Венко Крстевски не присуствуваше на седницата.
Претставник на општинската администрација од секторот образование ги информираше советниците дека уште пред да настане овој проблем, Министерството за образование ги одобрило вработувањата на наставниците на кои на 31–ви август не им беше продолжен работниот однос. Според тоа, финансиски импликации за училиштата поради продолжување на договорите за работа на педесетте наставника нема да има.
Ново на Сител
-
Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата
-
Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар