Советот на Општина Кичево го усвои буџетот за наредната година
Советот на општина Кичево го усвои буџетот на општината за 2015-та година, кој изнесува 700 милиони денари. Со буџетот се усвоени и програмите за развои во свертата на културата, спортот, социјаната заштита, локалниот економски развои и животната средина.
На седницата пред советниците се обрати градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари кој откако им се заблагодари на советниците за конструктивната соработка во изминатиот период ги повика да го усвојат буџетот за 2015-та година бидејќи, како што рече, оваа година буџетот има развојна компонента, а е изготвен транспарентно.
– Преку пет сесии во рамки на програмата „Форуми во заедницата” организиран од Швајцарската фондација за развој и соработка пришто граѓаните предложија 34 проекти и сите нив ние успеавме да ги вметнеме во буџетот за наредната година, рече Дехари.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево