Советот на ЈО за в петок закажа продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје
– Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седумдесеттата седница на чиј дневен ред е избор на нови шефови на две виши и шест основни јавни обвинителства, меѓу кои и нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје.
Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје беа тројца кандидати, но по повлекувањето на обвинителката Фатиме Фетаи, кандидатурата ја повлече и Бурим Рустеми. Засега единствен кандидат за функцијата останува постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи.
На дневен ред на 70-тата седница на Совеотт на ЈО, се и изборот на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и на шефови на основните ЈО во Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово и Штип.
Освен избори на нови шефови, на дневен ред, исто така е и носењето на одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК.
Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, таа беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На продолжението на 70-тата седница на 21 ноември Советот за јавни обвинители немаше кворум да одлучува за оваа точка и именуваше вршители на должноста до создавање услови за избор.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
