Советот на јавните обвинители ќе гласа за избор на обвинители за гонење организиран криминал и корупција
Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија утре ќе ја одржи 67-та седница на која, како што е најавено, ќе треба да гласа за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.
Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолевски, за МИА појасни дека ќе се гласа за избор на четворица јавни обвинители, по огласот кој е објавен во април годинава.
На дневен ред на 67-та седница на Советот, меѓу другото, е и донесување одлука за формирање Комисија за спроведување на гласањето за избор на основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК-Скопје.
Ова е прв ваков избор на шеф на ОЈО-ГОКК по измените на Законот за јавни обвинители, каде во согласност со член 66 основен јавен обвинител на ОЈО ГОКК се избира од страна на Советот на јавни обвинители по спроведено гласање од страна на сите јавни обвинители во Република Северна Македонија.
На огласот за избор се пријавени петмина кандидати, а гласањето ќе биде на 7 ноември.
Советот на ЈО во рок од седум дена по гласањето треба да одржи седница на која ќе донесе одлука за именување на јавниот обвинител што добил најмногу гласови од листата на пријавени кандидати.
Мандатот на суспендираната шефица на ОЈО ГОКК Вилма Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов.
Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција се избира за време од четири години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот