Советот на градоначалници ја разреши директорката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион со мнозинство гласови ја разреши директорката на Центарот за развој на овој регион, Жулиета Ѓуркова. За нејзино заминување од функцијата гласале осум градоначалници, односно нивни ополномоштени претставници.
Седницата се одржала во Ново Село, а за разрешување на Ѓуркова гласале првите луѓе на Струмица, Босилово, Ново Село, Василево, Радовиш, Богданци, Конче и Гевгелија, додека не гласале градоначалниците на Дојран и Валандово, кои не присуствувале на седницата.
Досегашната директорка Жулиета Ѓуркова кусо изјави дека нема коментар и не ги знае причините зошто е разрешена.
Претседателот на Советот, градоначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, испрати изјава со која објаснува дека во изминатиот период по направените разговори со градочалниците од Центарот за развој на Југоисточен плански регион утврдиле директор да се бира на почеток на мандатите на градоначалниците од регионот.
– Досегашната директорка Жулиета Ѓуркова е на оваа функција 14 години и нашиот став е дека добро е да ја наследи ново лице кое би додало нова енергија во работењето на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со цел навремено остварување на програмата на планскиот регион и акциониот план за нејзино спроведување, вели Сарамандов.
Тој додава дека Ѓуркова останува на раководна позиција во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и е убеден дека нејзиното искуство ќе биде од особено значење во понатамошното работење на оваа институција.
До изборот на нов директор со Центарот ќе раководи Јован Коцев, кој е таму вработен и тој ќе ја извршува функцијата вршител на должноста директор.
Инаку, во Советот на градоначалници на Југоисточниот плански регион од вкупно 10 члена, шест се од ВМРО ДПМНЕ и четворица од СДСМ.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико