Советот на Град Скопје ќе расправа за доделување субвенции за јавните градски претпријатија
![]()
Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи 9. вонредна седница на која ќе расправа за доделување финансиска помош (субвенции) за јавните градски претпријатија, во насока на справување со финансиските последици предизвикани од кризата со корона пандемијата, соопшти Град Скопје.
Со првата одлука, појаснуваат од Градот, Советот ќе расправа за префрлање финансиски средства, доделени од Буџетот на Република Македонија, обезбедени со последниот ребаланс, за субвенции на ЈСП „Скопје“ – Скопје, каде се доделува неповратна финансиска помош за ЈСП „Скопје“ – Скопје во износ од 45 милиони денари.
– Советот на Град Скопје ќе расправа за посебни одлуки, каде со средства од Буџетот на Град Скопје, поради потешкотии во работењето предизвикани од кризата со корона пандемијата треба да се доделат субвенции во вкупна вредност од 75 милиони денари, или 40 милиони денари за ЈП „Комунална хигиена“, 15 милиони денари за ЈП „Водовод и канализација“ и 20 милиони денари за ЈП „Паркови и зеленило“, се вели во соопштението.
Дополнително, Советот ќе расправа и за одлуката за субвенционирање на ЈП „Паркови и зеленило“ за набавка на два система за рана детекција на пожари, за што ќе биде доделена субвенција во износ од 14.160.000 денари, како и за Одлуката за давање согласност на Ценовник на саден материјал на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
