-->
-->
Советот на Европа ќе ја потврди поддршката за Украина
-->
На Исланд денеска почнува дводневен Самит на Советот на Европа, на кој ќе се изрази поддршка за Украина и ќе се испрати силна порака во одбрана на основните демократски вредности, кои се под закана во Европа и пошироко.
Тоа е четврти Самит на Советот на Европа од неговото формирање пред 74 години. Советот на Европа, со седиште во Стразбур и со 46 земји-членки, има свои главни цели за заштита на демократијата, човековите права и владеењето на правото.
На средбата во главниот град на Исланд ќе учествуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Риши Сунак. Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе има видеообраќање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кризната состојба продолжува до октомври, блокадата на Баб ел-Мандеб - нов ризик за цените на нафтата
-

Експресниот пат Куманово-Страцин за целосно поврзување на Коридорот 8
-

Владата го извести Брисел: Реформската агенда е исполнета во рокот
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
