Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово бараат обнова на улицата „Гоце Делчев“
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово и советниците од оваа партија во Советот на општина Тетово денеска со прес-конфернција на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово реагираа на како што беше речено непреземените мерки од страна на градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи, која иако ветила досега не презела ништо околу обнова на оваа улица што се протега од православните гробишта до мостот на реката Пена во тетовското Горно маало.
Според координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Тетово Горан Јовановски жителите на оваа улица се уште чекаат на санација на бекатон коцките со кои е поплочена улицата и кои се толку оштетени што насекаде има дупка за кои е потребна голема умешност да се поминат без да се оштетат возилата на жителите или пешаците што минуваат тука.
- Ја повикуваме градоназчалничката Арифи веднаш да спроведе соодветни мерки за обновување на улицата, изјави Јовановски.
Тој најави дека доколку не биде ништо преземено во овој правец тие како советници и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Тетово повторно ќе реагираат за решавање на овој проблем.
Ново на Сител
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната
-
Малолетник од Косово со возило удрил двајца пешаци во Скопје
-
Тешка сообраќајка во струмичко, загина 46-годишен возач
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони