Советниците на Карбинци донесоа одлука за локацијата каде треба да се уништат 9.000 свињи поради африканска чума
Мнозинството советници во Советот на Општина Карбинци на вчерашната вонредна седница одлучиле на приватната свињарска фарма во која треба да се уништат околу 9.000 свињи по појавата на болеста „африканска чума“ да и се дозволи да прави јама во атарот на селото Горно Трогерци, каде што во радиус од еден километар нема објекти.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека вчера го добиле писмениот допис од Агенцијата за храна и ветеринарство во кој се бара под итно да се одреди локација за копање на јами за свињите, кои мора да се еутанизираат, со цел да не се шири болеста.
Паунов додава дека денеска го чекаат одговорот од АХВ и од надлежните инспектори за одобрената локација од страна на Советот на Општина Карбинци.
Пред два дена жителите на селата Таринци и Нов Карорман протестираа и не дозволија градежните машини да ископат јама за уништување на свињите меѓу двете села, стравувајќи дека ова ќе значи еколошка катастрофа, загадување на подземните води и ќе штети на нивното здравје.
Ново на Сител
-
Алкалоид го доби пехарот за триумфот во ЕХФ Европскиот куп
-
Милевски: Имаме максимален респект за Лихтенштајн
-
Сијарто: Нема да поддржиме членство на Украина во ЕУ, не нè интересира што мисли Москва за тоа
-
Што ја гуши Преспа со Ана Каранфилова Мазневска | Неформално | Sitel Podcast 113
-
Вучиќ: Декларацијата на Хрватска и Словенија е непријателска кон Србија
-
Турција започна сериско производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор
-
Илон Маск може да добие трилион долари во акции од „Тесла“
-
Трамп даде зелено светло за UFC настан пред Белата куќа