Македонија
17. December 2018 - 8:36

Советниците ќе дискутираат за Предлог-буџетот на Град Скопје за 2019.

Предлог-буџетот на Град Скопје за 2019 година со Предлог-одлука за негово извршување е на дневен ред на денешната, 23-та седница на Советот на Град Скопје. 

Советниците ќе дискутираат и за одобрување финансиски средства за вработување на лица на определено работно време преку приватни агенции. Вработувањето ќе биде за период од една година, сметано од 1 јануари до 31 декември 2019 година.

На дневен ред се повеќе предлог-програми, меѓу кои од областа на социјална, детска и здравствена заштита, за повластено користење на јавниот гардски превоз од лица со посебни потреби, за финансирање на јавните установи и активности од областа на културата, за активности во областа на спортот, од областа на средно образование, сите за 2019 година.