Совет за безбедност: Безбедносната состојба е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување
Безбедносната состојба во државата е стабилна и нема индиции кои укажуваат на можно нејзино загрозување, е заклучок од денешната 19. Седница на Советот за безбедност, на која се разговарало за безбедносната состојба во земјава и во евроатлантскиот регион.
Надлежните претставници на институциите, како што се наведува во соопштението на Кабинетот на претседателот, информирале за тековните безбедносни прашања поврзани со земјата и поширокиот регион, вклучувајќи ја руската агресија врз Украина, случувањата на Блискиот Исток и состојбата на северот во Република Косово.
-Како членка на НАТО, Република Северна Македонија е во редовна координација со Алијансата и сојузниците по однос на активности кои се преземаат за зајакнување на безбедноста во евроатлантскиот простор, се вели во соопштението.
На седницата на СБ била констатирана потребата надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено преземање на мерки и активности од нивна надлежност.
На седницата освен шефот на државата Стево Пендаровски, присустувале и директорите на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Зарко Милошевски и Еролд Муслиу, информираа од Кабинетот на претседателот.
Осумчленото тело го сочинуваат претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министрите за внатрешни работи, одбрана и за надворешни работи Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бујар Османи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор и Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
