Сотировски ќе учествува на Националниот молитвен појадок во САД

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски ќе учествува на 68-от Национален молитвен појадок во Соединетите Американски Држави.
Во рамките на посетата, како што се наведува во соопштението, Сотировски ќе оствари средби со Џил Диетрих, деск офицер за земјава во Стејт департментот, со претставници на Kомисијата на САД за меѓународни религиски слободи и со конгресменот Роберт Адерхолд.
-Директорот Сотировски ќе учествува и на европскиот собир и собирот на регионот на југоисточна Европа кој се одржува во рамки на Националниот молитвен појадок. По завршувањето на меѓународната агенда, ќе оствари средби и со претставници на неколку македонски црковни општини во САД, информираат од Владата.
Националниот молитвен појадок е традиционална манифестација на која секоја година присуствуваат повеќе од 3.500 гости, претседатели, премиери, политичари, претставници од бизнис секторот, верски лидери и истакнати личности кои дебатираат на различни политички и социјални теми.
Ново на Сител
-

Зошто Уставни измени се единствена тема на СДСМ
-

Тема на денот со Александар Саша Димитриевиќ, генерален секретар на СДСМ
-

Прилепската болница набави најсовремен рентген апарат во државното здравство и видео ЕЕГ за деца
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
