Состојбата во училиштата стабилна - нема раст на бројот на заразени деца
Децата нема училишната клупа да ја заменат со компјутер. И покрај зголемениот број на позитивни случаи на дневно ниво, министерката за образование уверува дека епидемиолошка состојба во училиштата е стабилна и затоа нема потреба да се менува моделот на учење.
Но иако министерството во координација со Комисијата за заразни болести е тоа кое го има последниот збор дали и кога треба да се менува моделот, од Прогресивниот синдикат за образование при Сојузот на синдикати на Македонија, бараат училиштата да можат самостојно да одлучуваат дали треба да преминат на онлајн.
Според податоците на министерството за образование процентот на активни и позитивини ученици во основните и средните училишта од почетокот на учебната година до сега не надминал 0,3 отсто, а на дневно ниво нема не изнесува повеќе од 0,03 проценти.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар
