Состојбата нагло и се влоши - Исидора Бјелица не може ни да зборува

Познатата писателка, Исидора Бјелица веќе неколку години води тешка борба со ракот. Состојбата неколку пати и се подобрувала и влошувала, а овојпат била принудена да ги откаже сите работни обврски во наредниот период.
Лично се обратила на своите фанови на друштвените мрежи и објаснила што и се случува:
-„Сакам лично да се извинам на своите читатели, особено од Кикинда, каде што промоцијата е одложувана неколку пати. Веќе месец дена имам навистина голем проблем со гласните жици, па поради тоа не можам да зборувам. Поради тоа се откажани и ТВ настапите и книжевните дружења во земјава и во странство. Многу ми е криво што нема да се дружиме. Исто така, за сите кои упорно ме бараат на телефон, морате да ми испратите СМС, бидејќи не можам да зборувам.“- напишала Исидора.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Комеморативна седница во Собранието
-

Евакуирана трета група Македонци од Блискиот Исток
-

Лекарите трпат насилство, а ретко пријавуваат
-

Цените на такси услугите во Штип остануваат непроменети
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
