Состојба со Ковид-19 во светот до 9 часот

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 119.389 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 4.300, а оздравеле 66.583.
– Јадролинија го прекина сообраќајот со Италија.
– Молдавија ги затвори сите училишта, градинки и факултети. Вчера забранија влез во земјата на сите странци од подрачјата зафатени со вирусот. Молдавија досега бележи три заразени случаи, без починати.
– Во Индонезија почина 54 годишна жена заразена со коронавирус. Индонезија има уште 26 потврдени случаи.
– Монголија привремено ги затвори границите со Русија поради коронавирусот.
– Во Србија се заразени 12 лица со коронавирус. Српскиот претседател Александар Вучиќ ги откажа сите предизборни собири на српската напредна странка до први април поради коронавирусот.
– Во САД има повеќе од 1000 заразени. Бројот на заразени двојно се зголеми од неделата, починати се 31 лице.
– Потврден е 16. случај во Хрватска, се работи за фризер кој бил во Минхен.
– Во Сплит стигнал траект од Анкона, 93 патници се во карантин.
– Јужна Кореа потврди нови 242 случаи заразени со коронавирус, а уште шест лица се починати.
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
