Свет
10. March 2020 - 10:57

Состојба со Ковид-19 во светот: 114.567 заболени, 4.028 починати, 64.270 оздравени

Според последните податоци, во светот има 114.567 регистрирани случаи на заразени со новиот коронавирус, од кои 4.028 луѓе починале, а 64.270 оздравеле.

– Филипините потврдија 15 нови случаи, со што вкупната бројка достигна 35 заразени.

– Малта ги прекина сите патнички линии со Италија.

– Состојбата со коронавирусот може да го загрози опстанокот на „Кореан ер“, се вели во писмо испратено до вработените. Авиокомпанијата е сериозно погодена од ограничувањата поради епидемијата на коронавирусот и нејзиниот меѓународен капацитет е намален за дури 80 проценти.

– Молдавија забрани влез во земјата за сите странци кои доаѓаат со авион од секоја земја каде има потврден случај на Ковид-19.

– Австралиската авиокомпанија Квантас намалува речиси една четвртина од летовите поради кризата со коронавирусот, а шефот на авиокомпанијата изјави дека ќе престане да прима плата, а на менаџментот платата ќе му биде намалена за 30 проценти.

– Италијански лекар за ситуацијата во Италија: Страшно е. Нема кревети, секој респиратор вреди злато

– Во северниот дел на Кипар е регистриран првиот случај на коронавирусот.

– Педесет лица во Јужна Кореја се заразија со коронавирусот во една канцеларија во Сеул.

– Виетнам потврди уште еден пациент, со што вкупниот број се зголеми на 32.

– Во Авганистан се потврдени пет нови случаи.

– Индија затвори дел од границата со Мијанмар поради страв од ширење на Ковид-19.

– Зголемен бројот на заразени во Шпанија, најмалку 29 починати.

– Австрија потврди 131 случај на зараза

– Во кинескиот град Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, се затвораат последните импровизирани болници изградени за лекување на пациенти заразени од коронавирусот. Ова се должи на стабилизацијата во овој град и воопшто во Кина каде има се помалку нови случаи на новозаразени.