Состојба на патни правци и гранични премини
Владата на Република Северна Македонија на 69-та седница донесе одлука од денес, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна
Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест. Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.
На вчерашната седница Владата го дополни Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, и од денес протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Северна Македонија.
Останува одредбата во протоколот која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот.
Ново на Сител
-
Верниците од Дебарско-кичевската епархија ја изразуваат својата волја: Владиката Партениј повикува само на посветеност и молитва
-
Ги завел дека пешки ја поминале границата без да ги провери во систем, кривична за полицаецот кој го пушти Груби
-
По Божиќ ќе биде исплатен вториот заем од 500 милиони евра од Унгарија, најави премиерот Мицкоски
-
Туфегџиќ: Обвинителството потврди дека немало комуникација помеѓу таткото Александар и Љупчо Палевски
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност
-
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
-
Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди