Состанок за улогата на омбудсманот во заштита на децата бегалци
Народниот правобранител со поддршка на CRONSEE-Mрежата на детски омбудсмани и организацијата „Save the Children“, денеска и утре во Скопје, организира тематски состанок за „Улогата на омбудсманот во заштита на децата бегалци/мигранти“.
Состанокот ќе го отворат народниот правобранител Иџет Мемети и директорот на програмата „Save the Children“ Северозападен Балкан, Ахмед Пјано.
За состојбата со непридружуваните деца бегалци/мигранти ќе зборуваат заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, претставникот од Центарот за управување со кризи Душко Петровски, како и советникот за недискриминација и борба против трговија со луѓе при Министерството за труд и социјална политика, Светлана Цветковска.
За состојбата со децата бегалци/мигранти презентации ќе имаат преставници од омбудсман канцелариите на Албанија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Србија, Романија, Словенија, Бугарија, Косово и на Босна и Херцеговина.
Ново на Сител
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Филипче молчи за златната виза?