Состанок за прекугранично управување со Дримскиот басен
Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро ќе учествуваат на почетниот состанок од имплементациската фаза на Проектот за прекугранично управување со Дримскиот басен што денеска ќе се одржи во Тирана.
Проектот за Дримскиот басен што се реализира со финансиска поддршка на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ) стартува со имплементацијата на петте компоненти и тоа - консолидација на зедничкото знаење во Басенот – со цел заедничка анализа и мониторинг, изградба на основа за заедничко управување - изготвување на Стратешки план за басенот, институционално зајакнување со цел формирање заедничка Дримска комисија, демонстрација за технологии и практики преку пилот-проекти во басенот, како и инволвирање на јавноста во донесување на одлуките преку подигање на јавната свест.
- Почетокот на имплементација на проектот за Дримскиот басен доаѓа после многу работа и верба во визијата за нашиот регион. Меѓународните институции ја препознаа таа визија и го поддржаа проектот. Ова ќе биде најголем предизвик од сите досегашни процеси на кои сме работеле, но навикнати сме веќе да сме пионери во управувањето со водените ресурси во нашиот регионот, истакна Пановски пред состанокот во Тирана.
Тој додаде дека придобивките од имплементацијата на проектот се еколошка заштита во Басенот, размена на мониторинг-податоци од сите страни, мерки против поплави, заштита на екосистемот преку пилот-проекти, изготвување заеднички план за управување што ќе го подобри управувањето, посебно на Охридското Езеро како основа и промоција на Басенот како туристичка атракција.
Самиот Проект за Дримскиот басен е продолжение на веќе парафираните меѓународни договори и проекти како што се Охридската декларација за Дрим, на процесот „Дримски дијалог“ започнат во 2009 година и Меморандумот од 2011 година за заедничка визија од страна на петте држави како рамка на целиот процес.
Во ГЕФ проектот за Дримскиот басен учествуваат Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово и Грција како партнер. Имплементациска агенција ќе биде УНДП, а носители на активностите се министерствата надлежни за животна средина од сите инволвирани држави. Предвидено е во активностите на Проектот да учествуваат голем број на надлежни институции, локални самоуправи, невладин сектор и други субјекти. Проектот е предвидено да трае четири години, за чија реализација преку ГЕФ се обезбедени 5,5 милиони долари кои ќе се имплементираат преку надлежните министерства.
Ново на Сител
-
Надал пред Дејвис купот: Не сум тука за да се пензионирам, туку да му помогнам на тимот
-
АХВ: На влезот на Дебар спречен обид за пренос на 17 телиња
-
Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на републичкиот обвинител за суспендирање на Хајрулахи
-
Предлог притвор за малолетник кој со нож во глава убодел 15-годишник
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии