Македонија
7. August 2016 - 11:26

Состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи

Во Центарот за управување со кризи почна состанок на Управувачкиот комитет за справување со кризи на кој присуствуваат вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, министерот Диме Спасов, Мирче Ѓорговски од Кабинетот на Претседателот на РМ, градоначалниците на Скопје и на Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски, директорот на Водовод а.д. Александар Атанасов. 

Советот на Град Скопје за во 14 часот попладне закажа вонредна седница на која ќе биде разгледана информација во врска со невремето што вчера го погоди Скопје и околината, во кое загинаа 15 луѓе, а шест се исчезнати. 

На седницата ќе бидат разгледани  и мерки и активности за санирање на настанатите штети. рп/хс/ 11:12