Loading Video...
Свет
12. January 2022 - 12:22

Состанок на Советот НАТО - Русија во Брисел

Брисел денеска ќе биде домаќин на долго најавуваниот состанок на Советот НАТО - Русија.

Разговорите доаѓаат два дена по средбата меѓу Русија и САД во Женева во понеделникот. По завршување на состанокот двете страни изразија малку оптимизам во врска со руските барања за безбедносни гаранции од НАТО, односно дека Алијансата нема повеќе да се шири кон исток. 

САД и западните сојузници имаат забелешки на распоредувањето големи руски сили на границата со Украина како подготовка за можна интервенција на Москва во Украина. 

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков рече дека ситуацијата ќе биде појасна по најавените две дополонителни рунди разговори што Русија ќе ги одржи денеска со НАТО во Брисел и утре со Организацијата за безбедност и соработка во Европа ОБСЕ во Виена.