Македонија
1. April 2019 - 8:25

Состанок на советодавниот комитет за заштита на европски лилјаци

Во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Скопје ќе се одржи 24-тиот состанок на советодавниот комитет на Договорот за заштита на популациите на европски лилјаци (EUROBATS).

Како што соопшти МЖСП,состанокот ќе го отвори државниот секретар во Министерството, Ана Петровска а ќе трае во текот на наредните два дена.

Договорот е потпишан во рамки на Конвенцијата за заштита на миграторни видови на дивите животни.