Состанок на министрите за енергетика на ЕУ откако Русија прекина со испорака на гас за Полска и Бугарија
– Министрите за енергетика на Европската унија на специјален состанок во Брисел денеска треба да разговараат за одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија.
Разговорите треба да се фокусираат на тоа како најдобро да се обезбеди европската енергетска безбедност додека се зголемува притисокот да се најдат алтернативни залихи.
Русија во средата ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија, откако двете земји одбија да ја прифатат новата шема за плаќање што ја бараше Москва. Рускиот енергетски гигант Газпром соопшти дека ниту полскиот PGNiG ниту бугарскиот Булгаргаз не го платиле својот гас навреме, ниту во рубли како што сега бараат.
Софија и Варшава, пак, нагласија дека ги исполниле сите договорни обврски. Откако Русија прекина испорака, двете држави добиваат гас од своите соседи, објави Европската комисија.
Неколку лидери на ЕУ ја опишаа одлуката на Русија како „уцена“ по усвојувањето на европските масивни економски санкции кон Москва поради инвазијата врз Украина.
ЕУ веќе спроведе забрана за увоз на руски јаглен.
Ново на Сител
-
Се очекува во Појасот Газа да влезат два камиона со вкупно 107 тони дизел
-
Израел останува закана за Иран, вели командантот на иранските вооружени сили Хатами
-
Словенечкиот тим од 61 пожарникар заминува од земјава, утре чешкиот „Блек Хок“
-
Тешко повреден мотоциклист во кавадаречко
-
Претреси во Кавадарци и Неготино, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
-
Нападнати полицајци и затекнати малолетници со алкохол при контрола на Градскиот базен во Виница
-
Активен пожарот кај селото Стровија во општина Долнени
-
За пет години кириите во Европа пораснаа за 12,5 отсто