Балкан
8. September 2017 - 21:02

Соседите ги откриваат мрачните тајни на хирургот што се самоуби: Првата жена ја оставил со тројка, а втората по танга му бегала од дома

Кратката но бурна врска меѓу актерката Ивана Панзаловиќ (30) и угледниот пластичен хирург Срѓан Цветановиќ (59) заврши вчера со самоубиство на лекарот кој пред да си пука во глава, се обидел да ја убие својата двојно помлада девојка.

Пред зграда на Дедиње во која живеше двојката, вчера можеа да се видат скршен вентиларот, лустер, чаши кои љубовниците во жестоката кавга ги фрлале низ прозорец. Крв имаше насекаде. Рано утрото колу 4 часот од станот на хирургот се слушна пукање што ги разбуди станарите.

-Погледнав низ прозорец и ја видов девојката како целата крвава и со чалма на глава излегува од зградата и вика. Беше прекриена со крв. Неколку минути подоцна дојде полиција, раскажува соседот.

На ранувањето и самоубиството му претходеше жестока кавга, а соседите велат дека тоа била само една во низата.

Пред месец дена слушнав неподносливо дерење во ходникот, излегов да понудам помо и имав што да видам. Ивама само во танга и маичка трчаше низ зградата до влезната врата. Се обиде да ја отвори, но Срѓан стоеше од надворешната страна и ја држеше кваката, таа да не излезе. Врескаше на него: „идиоту докторски, пушти ме надвор“, а мене ми рече дека „и направил модрица на окото“. Одби помо. Не беше испрашена, беше бесна, рече соседката.

Да потесетиме, хирургот се женел два пати.

-Срѓан во младоста се забавувал со Тања со која се венчаше и доби тројка - Соња, Никола и Милица. Меѓутоа бракот не траеше, а децата ретко му доаѓаа, а тој не зборуваше многу за нив, освен за ќерката која скоро стапила во брак, па се фалеше. За Никола зборуваше дека нешто работи, одел во САД па се вратил, а Милица изгледа завршила дизајн, рекоа соседите.

Како што зборуваат, по смртта на мајката, неговиот болен татко Драган го негувала Марија, медицинска сестра од ВМА, со која подоцна се оженил и живеел во овој стан.

-Пред некое време слушнав тропање на вратите, вресоци, а утредента слушнав од соседтката дека се скарал со неа и таа му побегнала. Тоа го знам зошто ја видела Марија и и понудила да дојде кај нејзе во станот за да и помогне. По нејзиниото заминување, станот беше запуштен, цвеќето овена, а неред имаше пред вратата, некои стари саксии, раскажуваат соседите.

Ивана се јави од болница

-Ми пукаше во глава, оперирана сум и ќе бидам добро. Не можам да разговарам, хоспитализирана сум, но не ми се загрозени животните функции. Се случи голема и неочекувана трагедија. Имам поддршка и љубов од семејството, лекарите, пријателите и непознати и не стигнувам на сите да им се јавам. Ви благодарам за загриженоста. На овој начин сакам да ви се заблагодарам за големата поддршка и љубов, кратко изјави и натаму вознемирената актерка.

Како што истакна, да претчувствувала дека ваквно нешто ќе се случи, не би дошла во таква ситуација.

-Нека му е лесна земја на Срѓан, а фала му на Бога што му остави жива, наведе актерката.