Џет-Сет
19. February 2016 - 12:44

Сораја доби филмска улога, реши да ги смали градите

Сораја Вучелиќ наскоро ќе се испроба како актерка, поради што старлетата решила да ги извади силиконите.

Вучелиќ открива дека ќе глуми во еден српски филм, и се радува на новиот предизвик.

-Не смеам ништо да кажам за тоа. Можам само да ви кажам дека добив одлична понуда за домашен филм и улогата е одлична. Се е многу примамливо, рече Сораја и открива дека планира да ги смали градите. Таа посетила една клиника каде со хирург се консултирала околу операциајта.

-Вистина е дека посетив една клиника. Се распрашував за тоа да ги извадам имплантите од градите. Нешто ми текна и сакам поприроден изглед. Не ми се допаѓа тоа што го направив, вели старлетата.

Foto: Damir Dervišagić