Македонија
15. November 2017 - 17:13

Соработка на царините на Франција и Македонија

Царината на Франција ќе ги поддржи плановите за развој на Царинската управа на Македонија, договориле денеска на средба во Скопје директорот на македонската Царина Ѓоко Танасоски и царинското аташе на Франција Пиер Бујон.

- Претставниците на двете институции изразија подготвеност за зајакнување на  соработката што ќе резултира со нови обуки и проекти за зајакнување на капацитетите на Царинската управа во борбата против организираниот криминал, разузнавањето, анализата на ризик, борбата против финансиски криминал, соопшти Царинската управа на Македонија.