Фудбал
10. March 2020 - 13:22

Сопствениикот на Олимпијакос позитивен на Корона вирус

Сопственикот на познатиот грчки, но и европски тим Олимпијакос, којк воедно е сопственик и на Нотингем Форест, Вангелис Мариникас, објави на социјалните мрежи дека резултатот на неговиот тест на коронавирус е позитивен.

-Актуелниот вирус ме „посети“ и чуствувам обврска да го објавам ова во јавноста. Во моментов сум добро, ги преземам сите неопходни мерки во насока на советите од лекарите. Истото им го препорачувам на сите мои сограѓани кои боледуваат од овој вирус, напиша Маринакис на Инстаграм.

Олимпијакос му следува меч во Лига Европа во осминафиналето против Вулверхемптон, кој сега секако е под знак прашалник. Средбата треба да се одигра в Атина во четврток пред празни трибини.