Сопствениците на ресторани за организирани настани и ноќни клубови повторно протестираа во Скопје
Сопствениците на ресторани за организирани настани, ноќни клубови, фото студија и музичари денеска повторно протестираа и ги повторија нивните барања до Владата.
Бараат да биде укината забраната за работа и да работат по најстроги протоколи. Незадоволни се што не се вклучени во петтиот пакет антикризни мерки и бараат од Владата да направи посебен пакет мерки за нив.
Најавија дека од среда ќе протестираат секој работен ден во Скопје и во другите градови се до исполнување на нивните барања.
Повторија дека се единствените економски оператори на кои им е забранета примарната дејност од првиот ден на пандемијата и посочија дека од сопствени средства исплаќаат плати за вработените и плаќаат комунални трошоци, кирии….
– Ние не работиме затоа што Владата ни има дадено забрана за вршење на нашата примарна дејност и поради тоа треба да ни помогне финансиски да ја надминеме пандемијата се до моментот додека повторно не почнеме со работа. Будно ја следиме епидемиолошката состојба во државата и сме свесни за моменталната состојба, па поради тоа во првата фаза бараме да ни се дозволи да можеме да работиме под истите услови и протоколи, како и скратеното работно време како што работат сите останати а ла карт објекти, беше истакнато на протестот.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници
-
Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, најстудено утрово во Крушево
-
Неексплодирани убојни средства од Првата светска војна пронајдени во прилепскиот регион
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација