Сопствениците на „Констелејшн“ на суд поради пожарот во барот во Кран - Монтана

Сопствениците на популарниот бар „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Жак и Џесика Морети, денеска се појавија за првпат пред истражен судија во Сион како осомничени во врска со пожарот од 1 јануари во кој загинаа 40 лица, меѓу кои 21 лице под 18 години.
Тие ги дадоа своите искази во канцеларијата на Министерството за правда на Кантонот Вале, во придружба на тројца адвокати.
Иако се соочија со голем број новинари, кои ги чекаа пред зградата, осомничените не дадоа никакви изјави. И адвокатите, исто така, одбија да коментираат за случајот – јавува швајцарскиот јавен сервис „РТС“.
Според информациите од истрагата, осомничените се товарат за убиство од небрежност, предизвикување пожар и телесни повреди предизвикани од небрежност.
Како дел од денешната истрага, предводена од обвинителите, фокусот беше ставен на имотната состојба на семејството Морети, додека конкретни прашања за причините за трагедијата се очекуваат подоцна.
Иако деталите за самиот пожар не беа разгледани, жртвите во овој случај, како и адвокатите на жртвите, ќе имаат можност да поставуваат прашања за време на следните рочишта.
Истрагата ќе продолжи во наредните денови.
Денеска низ цела Швајцарија е прогласен Национален ден на жалост во спомен на сите жртви од пожарот во Кран Монтана.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
-

Сопственикот на „Пулс“ имал дојави за контроли од полицајци и инспекциски служби
-

Се уште се чекаат вештачењата за избоденото 14 годишно момче во паркот во Ченто
-

Две лица се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа
-

Ангелов: 120 лица секој ден во секој момент да бидат подготвени за распоредување на пожарите
-

Поскапуваат и бензините и дизелот
