-->
-->
Сопружници од Прилеп измамени за 900.000 денари
-->
Вчера во 16.00 часот во ОВР Прилеп, жена од Прилеп пријавила дека во периодот од 27.02.2025 до пријавувањето, од нејзината сметка во банка во неколку наврати биле повлечени вкупно 616.000 денари, додека од сметката на нејзиниот сопруг во неколку наврати биле повлечени 280.000 денари, соопшти МВР.
Според пријавеното, претходно, тие повеќе пати биле контактирани од лица кои се претставувале како вработени во компанија која се занимава со тргување на берза со злато и пари и од нив барале да симнат нивна апликација и да се регистрираат на неа, а исто така, им биле побарани и матични броеви, кои ги споделиле со нив. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ перспектива?
-
САД ја обновува воената помош за Украина, како ќе постапи Македонија?
-
80 години Црвен крст – потпишан меморандум со универзитетската фела
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Тежок криминал, а судот само одзема пасоши
-
Армијата бара 300 нови професионални војници
-
Колку сме подготвени за справување со пожарите
-
Црвен Крст на Македонија иницира носење на нов закон за волонтерство