Живот
11. March 2016 - 23:48

Сопругот не и донел цвеќе за осми март, таа му го нанела најболниот удар

Јонел Попа (39) од Романија завршил во болница откако неговата сопруга Маринела Банеа (40) со рака му го откинала левиот тестис. Поводот за тоа е тоа што нејзиниот сопруг не и донел цвеке за 8-ми март, а потоа одбил да и помогне во кујна, пишува DailyMail

Имено, во текот на караницата Маринела својот маж го фатила за тестисите толку силно, што му го откинала левиот тестис, поради што тој завршил на итна операција и сега е добар.

Таа изјавила дека воопшто не била свесна за својата сила, но дека нејзиниот сопруг го добил она што го заслужил.

-Наместо да оди на работа, он се опијанил и дојде дома без пари. Цела ноќ ме тераше да го потпалувам оганот зошто му било ладно, а јас го правев тоа како би избегнала караница. Утрото му кажав да излезе и да побара некоја работа или да ми помогне во домашните работи, на што почна да ми се дере како немам право да му наредувам. Му кажав дека е никакво машко и го фатив за тестиси, раскажала Марија и додала дека мислела дека лед ќе му го помогне, но повредениот сопруг инсистирал да викнат Брза помош, каде е утврдено дека има отворена рана на тестисот.

Јонел во болница изјавил дека сопругата го нападнала затоа што не е и подарил цвеќе за Денот на жената.

Тие се во брак 15 години и имаат 15 годишен син. Случајот го истражува полицијата.