-->
-->
Сопругот на Јелена си ја отвори душата - еве што кажа
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2016/april/facebook-49197.jpeg?itok=8JPzNGZ9)
Сопругот на Јелена Крсмановиќ, пејачката на Гранд која брутално беше убиена, си ја отвори душата и по погребот кој се одржа вчера, со голема болка раскажа за трагедијата. Тој за српскиот Курир вели дека спие со фотографијата на својата сакана, мајката на неговото дете, и тоа секогаш ќе си остане така.
- Јас со сликата на мојата Јеца спијам и тоа секогаш ќе биде така. Таа вака ќе биде до мене. Само сакам да го сретнам тој монструм и да го прашам како можеше да го направи тоа на мајка на дете, каков е тој монструм?, вели низ солзи Зоран, сопругот на Јелена.
Тој за српскиот Курир додава дека е свесен за фактот дека повеќето луѓе сметаат дека тој е убиецот, но дека тоа не е вистина и се надева дека се ќе излезе на виделина.
- Знам дека сите мислат дека јас сум убиецот, но тоа не е точно. Јас со Јеца делев љубов, сега спијам со нејзината слика во рацете, додава скршениот Зоран.
За потсетување, пејачката беше пронајдена во канал откако убиецот кој засега не е откриен ја усмртил со 30 удари од дрвена палка по главата. Таа по првиот се онесвестила, а веќе на петтиот била мртва.Тој продоллжил брутално да ја удира, и го смачкал четрепот и несреќната жена починала по обилно внатрешно крварење.
Трагедијата се случи во саботата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино