Сопругот на Јелена бесен: Би го заклал убиецот и да ми е најблизок роднина!
Зоран Марјановиќ, сопругот на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ за белградските медиуми изјави дека нема да има милост кон лицето кое го одзеде животот на пејачката, па дури и да е некој од неговото семејство.
-Не знам што сум во состојба да му направам на монструмот кој ја уби жената и од моето дете ја оттргна мајката, кој и да е, па и најблизок роднина да ми е, рече Зоран Марјановиќ за српски Курир, реагирајќи на напиите дека убиецот на Јелена се наоѓа во Борча и е близок до Зорица Крсмановиќ, па додава:
-Кога би знаел кој има врска со убиството, во заби би го однел во полициска станица. не занм што би бил во состојба да направам. Море ќе го заколам од бес.
Како што вели никогаш нема да може да заборави ниту на болката на неговото дете.
-Мојата Јана имаше мајка која многу ја сака и која буквално и е грабната во периодот кога и е најмногу потребна. Сега сум и и татко и мајка. Нејзините солзи немаат цена.
На овие приказни, реагираше и мајката на Јелена, Зорица Крсмановиќ, која смета дека написите потврдуват дека полицијата и натаму работи на случајот.
-Само да дознам кој ја уби, па на мира да умрам. Да можам да го прашам што му направила мојата Јеца за така да ја осакати. Кој и да е, без разлика дали е близок или не, во состојба сум срцето да му го откорнам, само да го видам.
Ново на Сител
-
Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење
-
Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи на иницијатива на европската левица
-
Joванов: Виновен сум, никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто
-
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје
-
Калас и неколку европски МНР во посета на Украина
-
Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата
-
Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-
Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации