-->
-->
Сопругата на преживеаниот фудбалер со трогателна порака на социјалните мрежи
-->
Сопругата на преживеаниот фудбалер Алан Рушхел се огласи на социјалните мрежи по повод стравичната несреќа која им се случи на патниците кога се сруши авионот во Колумбија во кој беше целиот фудбалски тим на „Чапокоензе“.
На Аманда Рушхел и паднало камен од срцето кога слушнала дека нејзиниот сопруг Алан е меѓу петорицата преживеани во стравичната несреќа, но 76 лица загинаа па по тој повод напиша емотивна порака:
– Фала му на Бога Алан преживеа. Тој е сега во болница и неговата состојба му е стабилна. Алан се моли за сите оние кои не преживеаја, како и за членовите на нивните семејства да им даде Бог сила во овие тешки моменти. На сите нас ни е многу тешко… стои во пораката на Инстаграм.
Само пет патници преживеаја во страшната трагедија која се случи во Колумбија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот