Сообраќајот умерен по суви патишта, на граничните премини нема подолги задржувања

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Потсетуваат дека од 21 март 2019 година на регионалниот патен правец Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај село Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.
Автомото сојузот информира дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај, бидејќи на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираат да не го користат автопатот.
Од АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
