Сообраќајот умерен по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
На наплатната станица Петровец, во правец Скопје – Петровец, како и на наплатаната станица Миладиновци, во правец Скопје – Миладиновци поставени се знаци за сообраќаен режим, но не е изменет постојаниот тек на сообраќајот. Градежни активности ќе се изведуваат во текот на наредната недела кога ќе има поволни временски услови.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, се уште е затворен за сообраќај за сите видови на возила.
Ново на Сител
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите