Сообраќајот умерен, без подолги задржувања на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензите на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Поради асфалтирање, регионалниот пат Р2335 Житоше – Кривогаштани ќе биде затворен за сообраќај од 09 до 15 часот.
Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај на делницата од Баба до Царина од 08:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи на пат. По 17:00 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај.
Ново на Сител
-
Вашингтон врши притисок врз Пекинг да го спречи Иран да го блокира Ормутскиот теснец
-
Тунелите на нуклеарниот комплекс Исфахан и погонот Фордо се оштетени во американските напади
-
Хатами: Како и секогаш САД ќе добијат решителен одговор за злосторството против Иран
-
Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок
-
За седум дена санкцонирани се 127 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар
-
Руска осуда на американските напади врз Иран во СБ на ОН: САД ја отворија Пандорината кутија
-
Манчестер сити убедливо го порази Ал Аин на Светското клупско првенство
-
МотоГП: Марк Маркез ја освои ГН на Италија