Сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози на повисоките места и наместа влажни коловози на пониските места. Врнежи од снег со променлив интензитет има на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот. Во Крушево се бележат повремени слаби врнежи од снег кој не се задржува на коловозот, соопштија од ЈП Македонијапат.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
– Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 15 ноември 2019 до 1 април 2020 е затворен за сообраќај за сите видови возила, соопштија од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Одбележување 40 години „Бушава азбука“
-
Градоначалникот на Чикаго до Трамп: Не сакаме тенкови на нашите улици
-
Променливо облачно со претпладневен локален дожд
-
Полицајци спречија ширење на пожар на СЦ Борис Трајковски | ВИДЕО
-
Ангелов: Сите пожари во скопскиот регион се изгаснати или ставени под целосна контрола
-
Јаневска: Ќе има учебници по сите предмети и во основното и во средното образование
-
Невреме со јак ветер во Скопје, неколку пожари и материјална штета
-
Изгаснат пожарот во прилепската населба Варош