-->
-->
Сообраќајот по влажни коловози, снег на повисоките места
-->

Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Крушево, Маврово, Струга и на планинските премини Ѓавато и Плетвар, а со послаб интензитет на планинските премини Стража, Пресека, во Дебар и Кичево, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата има остатоци на кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
