Сообраќајот по влажни коловози, магла кај Страцин
Нормализиран е сообраќајот на автопатот А1 делница Каласлари - Велес, по синоќешната сообраќајна незгода на повеќе возила.
Според Автомото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози. Намалена видливост поради магла има на Страцин до 50 метра.
На коловозите има остатоци од кашест снег по интервенцијата од дежурните екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март 2016 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.лв/08:03
Ново на Сител
-
Ахмети не сака да биде дел од власта, не бил резервна гума
-
Еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром: Германски туроператор ќе носи 35.000 туристи годишно
-
Со нов закон ќе се одземаат ингеренциите на градоначалниците
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти