Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашест снег на коловозот, каде интервенираат дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат во Павлешенци и Кула, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Попова Шапка, Стража, Маврово, Крушево, Буково, Ѓавато, Плетвар и Пресека.
Намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри има на патниот правец село Шипковица – Попова Шапка.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
-

Приведен директор на испекторат за земјоделство за примање поткуп
-

Со исти предизвици Сојузот на здруженија на дијабетичари одбележува 25 години од основањето
-

Муслимани на Блискиот Исток го слават Бајрам под строги рестрикции и воени тензии
