Македонија
28. December 2017 - 18:45

Сообраќајот по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и Стража кој не се задржува на коловозот.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.