-->
-->
Сообраќајот по претежно влажни коловози во западниот дел на државата
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози во западниот дел од државата, а во останатите делови коловозите се наместа влажни, соопшти Диспечерско-информативниот центар на ЈП Македонијапат.
Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија – Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи на ова јавно претпријатие се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски