Македонија
5. December 2017 - 19:17

Сообраќајот по наместа влажни коловози, слаб снег на Попова Шапка

 Сообраќајот низ државата се одвива тековно, по наместа влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.  Слаб снег провејува на Попова Шапка, каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот, информира ЈП Македонија пат.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.