Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози
На патниот правец Кичево – Охрид, поточно кај с.Врбјани после планинскиот превој Пресека, на ден 19.10.2020 (понеделник) поради работи на пат (минирање) во период помеѓу 12 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин 10 - 15 минути.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Р2332 Охрид - Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.
Ново на Сител
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС